МВР

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

30.08.2022 10:57

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

На 27 и 28.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со кумановски  регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, информираат од МВР.