МВР

198 санкции за брзо возење на територија на државата

30.08.2022 11:00

12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.