Обраќање на архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, по повод претстојните Велигденски празници

17.04.2014 11:47

По повод најголемиот Христијански празник Велигден,
 
По најголемата трагедија што се случи на Велики Петок, кога човекот го осуди Бога, еве го денот на правдата, денот на радоста, денот на животот. Од таму Воскресението има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на Светата Црква. И ние коишто веруваме во Христа, веруваме во неговото Воскресение, Христовата победа над смртта е победа која синот Божји ја извојува за целокупното човештво и за сиот свет. Смртт а победена за сите и засекогаш, но секој и насекаде треба да учествува во таа победа. Благодатот од Христовото Воскресение е неисцрпен извор за спасение, но за да бидеме достојни чеда и следбеници на Воскреснатиот Господ, должни сме да живееме според заповедите и учењето на Светата Црква.
Како што Бог не возљуби ни даде пример и ние да се љубиме еден со друг и да им правиме на другите тоа што сакаме тие да ни го прават нам. Да се радуваме и со радоста да го сведочиме сепобедното Воскресение и денес и во сите денови Амин!
Христос Воскресе!
Христос Воскресе!
Христос Воскресе!
 
Со овие зборови Господин Господин Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија , им ги честиташе велигденските празници на православните верници.
 
Распоредот на Богослужби во дијаспората може да го погледнете на следното видео.