Образование

Настава без антиковид- мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение

30.08.2022 12:09

Во клупите ќе седнат околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми, според концепцијата за основно образование...

В четврток, на први септември, почнува новата учебна. Ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, без какви било ковид протоколи, ниту обврска за носење заштитна маска.

Во клупите ќе седнат околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми, според концепцијата за основно образование. За овие ученици, како и за тие од прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми, а кои се во различни фази на одобрување.

Сепак, за нив се подготвени соодветни наставни материјали. За оние за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени, уверуваат надлежните.