Фестивал на светлината по петти пат во Скопје
По петти пат во Скопје ќе се одржи Фестивал на светлината. Во петок и во сабота ќе бидат поставени повеќе светлосни инсталации на неколку локации во градскиот парк…

По петти пат во Скопје ќе се одржи Фестивал на светлината. Организаторите најавија дека во петок и во сабота ќе бидат поставени повеќе светлосни инсталации на неколку локации во градскиот парк.
Фестивалот ќе се одвива по однапред утврдена рута, од фонтаната до крајот на паркот. Темата на овогодишниот фестивал е токму рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат, рекоа организаторите.
Годинава поради енергетската криза фестивалот ќе трае само два дена, а и буџетот е помал.
Овојпат учество ќе земат исклучиво домашни артисти, а ќе има и ревијални учесници. Фестивалот ќе почнува во 20 часот и ќе трае до полноќ.
Ана Јосифоска Тодоровска
