Скопје

Повторно пропадна камион на плоштад „Македонија“

30.08.2022 13:55

Од Град Скопје известија дека возилото било на приватна фирма и без дозвола влегло на плоштадот „Македонија“. Градските власти најавија дека ќе ги преземат сите законски мерки за санкционирање, ќе се бара надомест на штетата.

Централниот плоштад во Скопје никако да куртули. Повторно пропадна камион кај фонтаната. Предизвикана е штета на плочникот.

Од Град Скопје известија дека возилото било на приватна фирма и без дозвола влегло на плоштадот „Македонија“. Градските власти најавија дека ќе ги преземат сите законски мерки за санкционирање, ќе се бара надомест на штетата.

Ова е веќе третпат како пропаѓа камион во фонтаната од 2,5 милиони евра.