Енергетска криза

Полесно до градба на фотоволтаици со предложените законски измени

30.08.2022 14:25

Приватните и правните лица ќе можат полесно да градат фотонапонски електроцентрали со предложените измени на Законот за градба од страна на Владата. Со ова според министерот за транспорт и врски, се овозможува заинтересираните да вложат во градба на сопствени извори на електрична енергија, којашто може да помогне при надминувањето на енергетската криза…

Во време на енергетска криза, Владата донесе измени на Законот за градење, коишто се однесуваат на фотонапонски електроцентрали на приватни објекти.

Се олеснуваат процедурите за правните субјекти кои сакаат да се обезбедат со сопствен извор на електрична енергија, без одобрение од општините. Приватните домови ќе може да произведуваат до шест киловати, а правните лица до 40 киловати електрична енергија. Сопствениците коишто ќе се одлучат на ваква инвестиција, ќе можат да го продаваат вишокот енергија преку враќање во енергетскиот систем.

Измените на законот влегуваат во собраниска процедура наредниве денови и треба да се стават на дневен ред на првата седница во септември, информираат од транспорт и врски.

Ирина Гелевска