Собрание

Власта бара конструктивност од опозицијата, нова седница на 14-ти септември

30.08.2022 14:32

По летниот одмор, пратениците се вратија на работа. Спикерот Џафери на средба со неговите заменици и со координаторите на пратеничките групи, на која се договарала динамиката на работа. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски не присуствуваше. Власта побара конструктивност од опозицијата. Прва нова седница на 14-ти септември.

На координација кај спикерот Џафери не присуствуваше претставникот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицевски претходно истакна дека средбите немаат целисходност бидејќи договореното не се спроведувањето.

ВМРО-ДПМНЕ бара информација за сите кризни состојби, прогласени од Владата. Претседателот Џафери им посочил на координаторите на пратеничките групи да продолжи работата на комисиите. Приоритетна е Комисијата за избори и именувања на која се расправа за предлозите за уставни судии.

СДСМ повика на одговорно однесување. Ја повикаа опозицијата да ги научи лекциите од минатото, и како што рече Митрески, наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно.

Додека власта повикува на конструктивност од опозицијата за да се донесат важни закони во Парламентот, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе продолжи активната блокада на сите закони кои се штетни по интересите на граѓаните.

Првата нова пленарка најверојатно ќе се одржи на 14-ти месецов. Предходно продолжува дебатата во комисиите, но и на седниците кои не се целосно завршени. Секако во фокусот ќе бидат уставните измени, но и евентуалното продолжување на енергетската кризна состојба, бидејќи Владата носи одлука само за траење од 30 дена.

Игор Панов