Институт за старословенска култура Прилеп

Потребни се поголеми напори за заштита на македонскиот јазик, историја и култура

30.08.2022 15:26

Повеќе од една деценија прилепскиот Институт за старословенска култура со универзитетот во Поздањ, Полска има договори за соработка за промоцијата на македонските јазик, култура и историја во меѓународни рамки. Потребни се уште поголеми напори на државата за идентитетска заштита...

Потребни се поголеми напори на државата за во европски и светски рамки да се осознаат македонскиот јазик, историјата и културата. Прилепскиот Институт за старословенска култура веќе 12 години ја одржува соработката со Универзитетот „Адам Мицкиевич“ од Полска што резултира со размена на студенти и поголеми сознанија за македонската посебност. Иако соработката во археологијата и историјата на уметноста е повеќе децениска.

Соработката меѓу македонските и полските институции дава резултати кај идните академски граѓани.

Поголемата државна промоција на македонските јазик, култура и историја ќе ги дадат саканите ефекти. Примерот веќе го поставија прилепскиот Институт за старословенска култура и Институтот за славистичка филологија од Поздањ, Полска.

 

Елизабета Митреска