Силно невреме го зафати Скопје
Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати скопската котлина...

Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати скопската котлина. Центар, Аеродром и Кисела Вода се најзафатени од невремето, проследено со пороен дожд, град и силен ветер.
Има информации за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето во Скопје.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладневните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
