Влада

Владата ја укина царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака

30.08.2022 21:10

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5%...

На денешната редовна седница, со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе Одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45% и царинската стапка од 15% за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10%, но не надминува 45% во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5%.