СДСМ: Скопје под вода, а локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше
Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше, соопштуваат од СДСМ.

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината. Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму велат- над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно. Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето.
Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација. Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците, стои во соопштението.
