ВМРО-ДПМНЕ: Со системот за растурање на облаци, владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сами без асистенција од централната власт ги санираа штетите од поплавите, недостасуваше реакција од страна на Владата...

Со системот за растурање на облаци, владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави, каде е системот со кој се фалеше? Димитар Ковачевски и институциите под владата не направија ништо за да помагаат во справување со последиците од невремето во Скопје, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сами без асистенција од централната власт ги санираа штетите од поплавите, недостасуваше реакција од страна на Владата.
Скандалот е уште поголем бидејќи Владата преку УХРМ трета година по ред распишува тендер за набавка на систем за справување од непогоди, попознат во јавноста како систем за растурање на облаци. За кој годишно се плаќа 1 милион евра, а од кој немаме никаков ефект, велат од партијата.
Одговорност треба да има во институциите, Владата, УХРМ и другите надлежни во овој домен кои можеле, а не преземале ништо со цел ублажување на последиците- стои во соопштението.
