Дипломати сакаат учество на Зеленски на Генералното собрание на ОН
Според извори од Советот за безбедност на ОН украинската мисија ја подготвува посетата на Зеленски на годишниот собир на претседатели на држави и влади.

Дипломати се обидуваат да организираат посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, што ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари.
Според извори од Советот за безбедност на ОН украинската мисија ја подготвува посетата на Зеленски на годишниот собир на претседатели на држави и влади.
Од друга страна, дипломатите предупредуваат дека секое патување на украинскиот претседател претставува голем ризик за неговиот живот, додавајќи дека одлуката ќе биде поврзана со развојот на воените настани во Украина.
