Прекин на снабдувањето со гас преку Северен тек 1
Пред прекинот, германскиот канцелар Шолц чија земја силно зависна од рускиот гас изјави дека Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се соочи со „заканите“ од Русија.

Од денеска до 2-ри септември прекинува испораката на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 поради, како што е соопштено од Москва, „одржување“.
Пред прекинот, германскиот канцелар Шолц чија земја силно зависна од рускиот гас изјави дека Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се соочи со „заканите“ од Русија.
Претходно и Франција ја обвини Москва дека ги користи енергетските испораки како „воено оружје“.
Европските влади се обидуваат да најдат одговор на зголемените трошоци за енергија за бизнисите и домаќинствата и да најдат алтернативи за руското снабдување во текот на зимата.
