Русија
Почина Михаил Горбачов
31.08.2022 10:51
Тој беше последен претседател на СССР, стави крај на Студената војна без крвопролевање, но, не успеа да го спречи распаѓањето на Советскиот сојуз.

Поранешниот советски лидер и добитник на Нобеловата награда за мир, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст.
Тој беше последен претседател на СССР, стави крај на Студената војна без крвопролевање, но, не успеа да го спречи распаѓањето на Советскиот сојуз.
Горбачов поднесе оставка од својата функција на 25-ти декември 1991-ва година, а Советскиот сојуз се распадна по 69 години.
