Јавниот сервис прецизно известуваше за првиот круг од претседателските избори
Членовите на Агенцијата за медиуми констатираа дека нема ниту една казна или прекршочна постапка...

Јавниот сервис прецизно информираше за првиот круг од Претседателските избори. Членовите на Агенцијата за медиуми констатираа дека нема ниту една казна или прекршочна постапка.
„Јавниот Сервис доследно го почитуваше Изборниот закон и доследно си ја изврши задачата и улогата за јавно и прецизно информирање на граѓаните“, рече Борис Арсов член на Агенцијата за медиумски услуги.
Од некои од членовите забелешка дека анализата за известувањето на националните радиодифузери треба да содржи и оценка за тонот на известувањето . Првиот човек на агенцијата пак со забелешки за прелиминарниот извештај на ОБСЕ за медиумите
„Извештајот на ОБСЕ нема конкретни бројки, има два- три проценти и филозофски размислувања. Значи е субјективен апсолутно без никакви бројки. Јас би сакал да ги видам и квалитативно и квантитативно експертите што го изработувале“, вели Зоран Трајчевски.
Јавниот сервис и комерцијалните телевизии генерално го почитувале Изборниот закон. Оние кои го прекршиле добиле соодветни пријави.
Лидија Чакар
