Македонија

МВР: 235 санкции за брзо возење

31.08.2022 11:11

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.