Европа

СЗО: Мајмунските сипаници може да се елиминираат

31.08.2022 11:13

Има охрабрувачки знаци за одржлив пад од недела во недела на појавата на случаи во многу европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Португалија, Шпанија и Британија...

Можно е да се елиминира епидемијата на мајмунски сипаници во Европа, изјавија претставници на Светската здравствена организација, нагласувајќи дека бројот на случаи се забавува во неколку земји.

Има охрабрувачки знаци за одржлив пад од недела во недела на појавата на случаи во многу европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Португалија, Шпанија и Британија, како и забавување во некои делови на Соединетите држави и покрај малата залиха на вакцина.