МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и апарати за лабараторија за производство на марихуана
31.08.2022 11:31
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МРТ.
