Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина
Денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала, информираат од Општина Кисела Вода...

Општинските служби и денес се на терен. По синоќешната интервенција на кризниот штаб предводен од градоначалникот Ѓорѓиевски, која траеше до доцна во ноќта, и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала, информираат од Општина Кисела Вода.
Креиран е тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви. Штетите можат да се пријават во Општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873.
Општината ги известува граѓаните дека будно ја следи метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на Општината, а во интензивна комуникација се и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме.
