Дојран ќе добие жичница на вода
Туристите во македонскиот медитеран од идната сезона ќе може да уживаат во атракцијата скијање на дојранското езеро
Кејбл вејк или жичница на вода ќе добие Дојран. Туристите во македонскиот медитеран од идната сезона ќе може да уживаат во атракцијата скијање на дојранското езеро. Општината во соработка со Кукуш од соседна Грција го добија проектот вреден 800 илјади евра финансиран од ИПА програмата за меѓугранична соработка. Според најавите, градбата на оваа нова туристичка содржина ќе почне за најмногу три месеци.
Нешто што би ја освежила туристичката сезона во Дојран, нешто што кога аплициравме целта беше да ја таргетираме помладата популација, односно она што му недостасуваше на Дојран.-Борче Стамов- градоначалник на Дојран
Кејбл вејкот е забавен парк, каде што посетителите со помош на специјална опрема ќе можат да скијаат на вода. Овој вид спортско – рекреативни паркови е многу популарен во западноевроспките земји а го има и во САД.
Ќе добие полна слика, односно имплементација и оперативно завршување на истиот - Јулика Шундовска- проектант на проектот
Ова ќе биде прв кејбл вејк парк во Македонија. Од општина Дојран велат дека спортско рекреативната содржина ќе биде достапна цела сезона, поради што очекуваат и зголемување на бројот на гостите.
Катерина Давчева
