Зеленски: Руското гранатирање продолжува околу нуклеарката
Изјавата доаѓа откако Зеленски во Киев се сретна со тимот на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси и околу десетина експерти по нивното пристигнување во украинскиот главен град во итна мисија за проверка на безбедноста на објектот.

Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека руските сили прават „провокации“ на рутата по која тим нуклеарни инспектори на ОН оделе од Киев кон нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола. Рече и дека продолжуваат бомбардирањата околу објектот.
„Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и околните области и натаму е многу загрозувачка. Окупаторите не ја напуштаат централата и продолжуваат со гранатирање, ги заплашуваат нашите нуклеарни работници. Ризикот од закана од радијација не се намалува. Се надевам дека заедно со меѓународните организации и сите наши партнери, ќе успееме да ја вратиме станицата под целосна контрола и ќе ја принудиме Русија да ги повлече своите војници и оружје од станицата“, рече Зеленски.
Изјавата доаѓа откако Зеленски во Киев се сретна со тимот на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси и околу десетина експерти по нивното пристигнување во украинскиот главен град во итна мисија за проверка на безбедноста на објектот.
„Овие операции се многу сложени. Одиме во воена зона. Одиме на окупирана територија. Ова бара експлицитни гаранции не само од Руската Федерација, туку и од Република Украина“, вели Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.
Портпаролот на Кремљ, Песков, претходно изјави дека Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ во областите контролирани од руските сили околу централата Запорожје.
„Делегацијата на МААЕ има безбедносни гаранции од сојузничките сили и Руската Федерација. Ќе бидат преземени сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста. Но, би сакал да нагласам дека во моментов украинскиот режим е луд и ништо не може да се исклучи“, изјави Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк.
„Се надеваме дека тоа некако ќе влијае врз Русите да не ја гранатираат станицата Запорожжје. Би можел витално да се дискутира во светот, од сите земји, за да се изврши притисок врз Русија да си замине“, изјави Ерман Халушченко, министер за енергетика на Украина.
Инаку дипломати се обидуваат да организираат посета на украинскиот претседател Зеленски на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, што ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари.
Марина Ристова
