Ќе се градат нови ветерници, во тек е завршната фаза на тендерската процедура
Овие 80 метарски конструкции што го претвораат ветерот во најбараната енергија се алармантен повик за насочување кон вакви извори на енергија. Нивното постоење го помогнаа од Германската банка за развој, уште во 2014-та година...

Ветерници... Првите и единствени не само во земјава, туку и пошироко во опкружувањето. Со производство од 36,8 мегавати ги покриваат потребите за 16 илјади домаќинства. Ќе се градат нови. В година, три турбини уште помоќни од 13,2 мегавати за уште 7.000 домаќинства. Во тек е завршната фаза на тендерската процедура за избор на изведувачи, по што ќе почнат активностите за обезбедување пристапни патишта, платформи, поврзувањето со кабли и други, велат од ЕСМ.
Енергетски прилог за земјава на која, како и на светот му претстои тешка енергетска криза. Навремениот увоз е потребен за да не се купува струјата на отворен пазар каде цената стигнува до 1.000 евра, а од домашно производство е 48 евра, велат од ЕСМ.
Овие 80 метарски конструкции што го претвораат ветерот во најбараната енергија се алармантен повик за насочување кон вакви извори на енергија. Нивното постоење го помогнаа од Германската банка за развој, уште во 2014-та година.
„Овој парк на ветерници е од исклучително посебно значење. Согласно физибилити студијата се откри дека овој регион е најповолен за нивна изградба токму поради локацијата каде ветерот има најповолна положба и затоа што се изгради за рекордно време. Договорот за заем беше потпишан во 2011-та, а ветерниците станаа оперативни во 2014-та година“, вели Мориц Реме, директор на Германската банка за развој.
Паркот на ветерници во Богданци е само дел од проектите помогнати од германскиот народ и влада во минатите 30 години откако е воспоставена соработката со земјава. Енергетиката е еден од сегментите за кои имаме подадена рака во секое време од една од најмоќните економии во светот.
Фиљана Кока
