Светот се збогува со Михаил Горбачов
Жителите на Москава со различни реакции за смртта на последниот водач на Советскиот Сојуз и за многумина човекот кој ја врати демократијата на тогашните европски нации кои живееја во комунизам...

Светот се збогува Михаил Сергеевич Горбачов кој почина 92 годишна возраст. Жителите на Москава со различни реакции за смртта на последниот водач на Советскиот Сојуз и за многумина човекот кој ја врати демократијата на тогашните европски нации кои живееја во комунизам.
„Тој влезе во историјата како човек кој се обиде некако да ја промени земјата, па дури и светот“.
„Го растури СССР. Што друго направи?“-велат жители на Москва.
Во телеграмата за сочувство рускиот претседател Путин напиша:
„Горбачов ја водеше нашата земја во период на сложени, драматични промени, економски, социјални и предизвици во надворешната политика“, напиша Путин.
Американскиот претседател Бајден вели дека Горбачов заедно со тогашниот претседател на САД, Реган ја имаат главната заслуга за намалување на нуклеарниот арсенал.
„Редок лидер – човек со визија кој можел да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера. Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони“, вели Бајден.
Шефот за надворешна политика и безбедност на Европа вели дека Горбачов испрати ветер на слобода во руското општество.
„Се обиде да го промени комунистичкиот систем одвнатре и ја започна потребата од соработка со Западот, запирајќи ја Студената војна“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
„Тој почина во време кога не само што демократијата во Русија пропадна, туку Москва и рускиот претседател копаат нови ровови во Европа“, рече Олаф Шолц-Канцелар на Германија.
„Тоа што го гледате денес во Украина е нешто што мислам дека Михаил Горбачов би помислил дека е апсолутно незамисливо и неоправдано“, додаде Борис Џонсон-премиер на Велика Британија.
Како застапник на политиката на зближување со западот, Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир во 1990 година. Поранешниот советски лидер се очекува да биде погребан на московските гробишта Новодевичи.
Маријана Димовска
