Тајван: Ќе ги следиме кинеските воени активности
Тајванското Министерство за одбрана ги следи кинеските воени активности и предупреди дека ќе преземе посилни контрамерки ако треба да одговори на упадите од Пекинг...

Тајванското Министерство за одбрана ги следи кинеските воени активности и предупреди дека ќе преземе посилни контрамерки ако треба да одговори на упадите од Пекинг. Претходно беше отворен оган кон дронови од Кина кои летале над тајвански воени пунктови.
„Овој хегемонски пристап на Кина кој со сила ги загрозува и поткопува регионалните мир и стабилност, не им го уништува само имиџот во меѓународната заедница, туку и им наштетува на односите меѓу народите преку Тајванскиот теснец“, генерал-мајор Ли Фанг Сун, портпарол на тајванското МО.
Војската се раздвижи по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси во Тајпеј, што според Пекинг било непочитување на кинескиот суверенитет.
„Обидот на тајванските независни сили да добијат странска помош, вклучувајќи ја и поддршката од САД за својата независност, е изворот на моменталните тензии низ Теснецот“, изјави Жао Лиџија, портпарол на кинеското МНР.
Според Русија, преминот на двата брода на американската морнарица на 28-ми август низ водите на Тајванскиот теснец е нова провокација.
