Навивачите на Барса гневни на фудбалерите

17.04.2014 16:18

Разочарани но и гневни на своите фудбалери беа навивачите на Барселона по поразот од најголемиот ривал Реал Мадрид во финалето на Купот на кралот на Местаља.

Поради незадоволството на фановите на Барса, играчите на каталонскиот гигант мораа да го напуштат стадионот во Валенсија на споредниот излез.

„ Срамота, Меси ! Сите сте платеници, ниту дресот не го испотивте“, врескаа разбеснетите подржувачи на Барселона, која оваа година нема да подигне ниту еден трофеј, откако за само седум дена остана без Лигата на шампионите, Примера и без Купот на кралот во Шпанија.

По финалниот натпревар во Валенсија, навредуван беше и тренерот  Херардо Тата Мартино,од кого беше побарана оставка по катастрофалната сезона за клубот.