Хигиена во градинки

23.11.2013 11:50

Храната во градинките е вкусна, но колку е безбедна, е прашање што си го поставува секој родител што го остава детето на чување. Откако вчера инспекторите побараа засилен надзор во градинките бидејќи утврдиле низа пропусти во набавката на храна и нејзиното подготвување, МТВ влезе во неколку градинки за да види како се хранат најмалите.

Ниту една контрола нема записник. Никогаш не нашле пропуст во работењето.  Се надевам дека и во иднина така ќе работиме – рече Виолета Саид, директор на градинката Росица – Ѓорче Петров.

Овде садовите се мијат во машина, храната се транспортира во комби кое редовно се дезинфицира, а јадењето се носи во специјални садови. Одговорните велат дека во ова кујна се испочитувани сите стандарди бидејќи подготвуваат ручек за 600 деца. Според директорката, грешка не смее да има. Тоа што 450 деца чекаат да се запишат во нивната градинка е доказ дека досега добро работеле. И во велешките градинки надлежните велат дека максимлано ги почитуваат пропишаните стандарди. Секојдневно во централната кујна, каде што се подготвува храната, се врши дизинфекција на инвентарот, на садовите. Во нивната кујна се хранат 1000 деца.

Гарантирање на безбденост на храната во рамките на установата поврзано со дистрибутерите, односно со добавувачите на храна, го обезбдеуваме со строги услови кои се пропишани во тендерската документација – вели Анида Цецева, директор на градинката Димче Мирчев – Велес.

Вработените двапати годишно одат на санитарни прегледи. Инспекторите со ненајавени контроли и санкции ќе го одржуваат нивото за здравје и безбденост во градинките. Во Македонија има 55 јавни градинки. Во нив се чуваат над 27.000 деца.

Наташа Јанчиќ