Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%
Со најновиот Колективен договор, донесени се одлуки кои значат финансиско зголемување за вработените во МВР...

Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, издејствувавме зголемување на платите за 5% почнувајќи од 1 септември 2022, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, соопшти министерот Спасовски.
Со најновиот Колективен договор, донесени се одлуки кои значат финансиско зголемување за вработените во МВР: 5 % исплата за домашно дежурство за неуниформирани полициски службеници, исплата на јубилејна награда за 10 години непрекината работа во МВР, исплата на еднократна помош од 100 евра во денарска противвредност за новородено дете, за припаднички на МВР, исплата на надоместок за ментор за успешно спроведена менторска програма, исплата за надоместок на храна за ноќна работа, а во 2021 година исплатени се 259 вработени во вкупен износ од 6.149.195 денари
Дополнително, во согласност со новиот Закон за минимална плата, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи, на кои им се исплаќа платата врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор, минималната бруто-плата изнесува 26.800 денари. Тоа значи дека платата за вработените во МВР за најниското работно место со статус на овластени лица и полициски службеници, во согласност со систематизацијата на МВР, е над предвидената минимална плата.
