ОН: Односот на Пекинг кон Ујгурите е прекршување на човековите права
Бараат од Пекинг итни чекори за ослободување на сите приведени во центрите за обука и затворите. Групите за човекови права тврдат дека Ујгурите се принудени да работат во логори.

Обединетите нации ја обвинија Кина за злосторства против човештвото во односот кон Ујгурите и другите муслимани во автономниот регион Ксинџијанг.
Бараат од Пекинг итни чекори за ослободување на сите приведени во центрите за обука и затворите. Групите за човекови права тврдат дека Ујгурите се принудени да работат во логори.
САД ја обвинија Кина за геноцид, а Пекинг категорично ги негира ваквите тврдења.
Кинеската мисија во Женева го опиша извештајот на Високиот комесаријат за човеков и права на ОН како „фарса што е планирана од САД, западните земји и антикинеските сили врз основа на лажни информации и предрасуди“.
