Енегетска криза

ЕСМ: Да штедиме електрична енергија, за да имаме побезбедна зима

01.09.2022 12:09

АД ЕСМ со повик согласно можностите, граѓаните доследно да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија...

Во услови на голема глобална енергетска криза, АД ЕСМ со повик согласно можностите, граѓаните доследно да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

АД ЕСМ како производител на 70% од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог.

Од компанијата велат дека ќе ги вложат сите напори да се произведе целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и истата да ја има во доволни количини, но граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за неговото производство. Тоа значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени.

Со почетокот на глобалната енергетска криза, цената на мазутот е зголемена за речиси 100%, на јагленот за над 200%, а на гасот за 700%.

Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1.000%.

Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат, соопштуваат од ЕСМ.