„Филип Морис“ ќе донесе стабилност за прилепските тутунари
Договорот со светскиот бренд Филип Морис е стабилност на 1000 вработени во прилепскиот Тутунски комбинат, но и за тутунарите кооперанти. Влезот на Филип Морис во комбинатот ќе обезбеди профитабилност, пласман на цигарите и сигурност кај кооперантите...
Аце и Виолета Богески од Прилеп со децении се тутунари. Сега се девет члена - Без тутун не се живее, велат.
„Откако сум родена, од 12 години со канти го вадевме тутунот. Без тутунот не може“, вели Виолета Богеска, тутунар.
Тутунарските семејства во прилепско, директно зависат од стабилноста на откупувачот. Во случајов тутунскиот комбинат
„Тоа ние го сакаме, да биде стабилен, да го плаќа тутунот“, вели Виолета Богеска, тутунар.
Со договорот за стратегиско партнерство со Филип Морис, комбинатот се симнува од листата на загубари. Потпишувањето и формирањето на друштвото со ограничена одговорност значат сигурен пласман на цигарите, но и стабилност за кооперантите.
„Долгорочно значи стабилизирање на комбинатот. Успеавме во договорот да постигнеме обврска од страна на Филип Морис да откупува значителни количества тутун. За вработените секако дека е сигурност и за кооперантите тутунари“, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунскиот комбинат-Прилеп.
Застанувањето на цврсти нозе на комбинатот влијае на судбината на 1.000 вработени, на преку 3.000 тутунарски семејства и врз тековната економија во градот.
Ќе има акционерско собрание, и до јули партнерството да стане официјално.
Елизабета Митреска
