Здравство

169 нови случаи со Ковид-19

01.09.2022 14:17

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.

Во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции. Регистрирани сe 242 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин  регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на ден 28.08.2022 година во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.

Досега во земјата се направени вкупно 2.151.894 тестирања на Ковид-19.