Европските стандарди се вградени во македонското законодавство, но потфрлува примената
Недовербата во судството е резултат на неусогласеноста на судската пракса. Судиите без интегритет се поединци кои фрлаат дамка на цел судски систем. Примената на европските правни стандарди во македонски услови е проблем и затоа реформи во судството се потребни. Ова се дел од заклучоците на меѓународната научна конференција на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“…

За едно исто дело различни пресуди во различни апелациски подрачја. Ова според деканката на правниот факултет на УГД е главна причина за недовербата во судскиот систем кај нас.
Правото е жива материја и мора да се менува согласно општествените текови. Нашите закони во добар дел се усогласени со европските, но проблем е нивната имплементација. Недовербата во судството е резултат на судии поединци без интегритет, смета судијата Александар Шопов.
Дел од македонските закони се во расчекор со меѓународните конвенции, таков е случајот со законот за семејно право кој не е променет повеќе од 25 години.
Ова беа дел од темите на деветтата по ред научна конференција во организација на Правниот факултет на УГД, со учество на правници од државата, соседството и од Италија, Русија, Хрватска и Обединетите Арапски Емирати.
Славица Величковска
