Енергетска криза

Живот измерен со киловати

01.09.2022 15:33

Официјално почна примената на мерките за штедење. Раководителите во институциите кои ќе бидат и своевидни контролори ги прибраа далечинските од клима уредите, некаде ги исклучија светилките – ќе се работи на дневна светлина. Бизнисот има мерки, дополнителни стапуваат на сила, бараат и неизбежни владини. Граѓаните сами си спроведуваат мерки според длабочината на џебот, ама им стигнаа и бројни совети, дури и за готвење...

Природна свежина наместо клима, скриени далечински, дневна светлина и исклучени светилки, скратено копирање документи. Администрацијата почна да штеди. Мора за 15 насто да ги намали сметките, оти ќе се казнува. Грејната сезона допрва ќе ја покаже штедливоста со ограничување на затоплувањето. Тоа некаде може да направи проблем.

Бизнисот совреме почна. Фотоволтаиците само за 20 насто ги скратуваат сметките кои се дури осумпати поголеми. Има дополнителните мерки, ама се потребни и владини.

Граѓаните знаат, ама добија и совети дури и за скратено и штедливо готвење.

Со почетокот на грејната сезона е и првата владина ревизија на штедењето.

Елизабета Митреска