Собрание

Тежок избор на кандидатите за уставни судии

01.09.2022 17:21

Продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за предложените вкупно девет кандидати за уставни судии, три на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство, а шест од опозицијата. И натаму спротивставени гледишта на позицијата и на власта. За еден кандидат се потрошени повеќе часови...

Продолжува седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за предложените вкупно девет кандидати – три на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство, а шест од опозицијата.

Расправата е за кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, предлог на власта, за која опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема никакво искуство во правосудниот систем. Опозициските пратеници оценуваат дека на власта и треба инсталации во Уставниот суд кои ќе работат според диктат на власта.

Парламентарното мнозинство е со став-што поскоро да се изберат уставни судии, за да се комплетира составот на оваа највисока правна институција.

Досега расправата заврши само за двајца кандидати: апелацискиот судија Фатмир Скендер, кој е предлог на власта и доби мнозинство гласови „за“ во Комисијата, и за професорката Родна Живковска, која е предлог на ВМРО-ДПМНЕ и која не ја доби поддршката од собраниското тело. Со недостиг од четири судии, Уставен изминатиот период функционира само со петмина односно е на работ од потребниот кворум за одржување седници.

Игор Панов