IN MEMORIAM
Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница
01.09.2022 18:22
Во Скопје на 72 годишна возраст почина Виктор Самуел Мизрахи врвен интелектуалец, активен член и поранешен претседател на Eврејската заедница во Македонија...

Во Скопје на 72 годишна возраст почина Виктор Самуел Мизрахи врвен интелектуалец, активен член и поранешен претседател на Eврејската заедница во Македонија.
Мизрахи е роден во 1950-та година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови во депортацијата на македонските евреи во Втората Светска Војна од бугарскиот фашистички окупатор.
Ќерката на Мизрахи, актуелната пратеничка во Собранието Рашела, се прости од својот татко со објавата на едно негово животно мото: Да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото.
