Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски

02.09.2022 09:46

ТЕЦ Неготино работи со капацитет од 90 мегавати, и неискористени се 130 мегавати. Тоа е струја која се увезува од странство по берзански цени, а може да се произведе во Македонија по цена од 150 до 170 евра за мегават час. Со тоа фирмите би плаќале струја нешто над 200 евра за мегават час. И ќе заштедат четирикратно, велат од партијата.

Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски. Владата на антимакедонската СДС за да може да прави криминал увезува скапа струја, наместо да произведува во домашните капацитети, по далеку пониски цени, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТЕЦ Неготино работи со капацитет од 90 мегавати, и неискористени се 130 мегавати. Тоа е струја која се увезува од странство по берзански цени, а може да се произведе во Македонија по цена од 150 до 170 евра за мегават час. Со тоа фирмите би плаќале струја нешто над 200 евра за мегават час. И ќе заштедат четирикратно, велат од партијата.

Антимакедонската СДС не произведува доволно струја и не го користи ТЕЦ Неготино да произведе струја за бизнисот затоа што навреме не набави мазут.

Кога сите во регионот и Европа се снабдуваа со гас, нафтени деривати и мазут Ковачевски ја распродаваше историјата и идентитетот, наместо да фати и да ја подготви државата за тешката зима која доаѓа, стои во соопштението.