Повторно напаѓа клубското ракометно шампионско лудило!
Три пати на Европскиот ракометен трон, исто толку трофеи избројани и во ЕХФ купот, 18 титули од најсилната ракометна лига, германската. Таа е тежината на гостискиот тим за в сабота во Скопската арена Борис Трајковски, Кил, екипа која влегува во ¼ финален шампионски костец со наш Металург.

“Тоа е екипа која не се предава, која може да го сврти резултатот многу бргу, и тоа опоменува. Немаме право на грешка, тие се апсолутен фаворит, но ние не сме екипа која се предава, но имаме задача како тим да не се опуштиме, да не гршиме наивно. Не смее да имаме технички грешки, никако, зошто бргу казнуваат, преку нивната многу брза транзиција. Сево ова ќе мора да го неутрализираме, ама уште од почеток. Ќе треба да воспоставиме агресивна одбрана”-вели Лино Червар предводникот на Металург, додавајќи..”Тие имаат и една слабост, ако така може да се каже и тоа во одбраната, затоа треба да бидеме пропродорни, попробивни, онаму каде се тенки, за тоа се задолжени, Миркуловски, Атман, Циндриќ, кои ќе мораат максимално да ги користат дупките“.
Моќноста која ја носи германскит гигант, сезонава затајува, затоа сите карти се фрлаат во елитното друштво. На таа тема Филип Миркуловски вели-”Ќе дадат се од себе, можеби ова ќе им биде последен трофеј да ја спасат сезоната, ќе сакаат да победат на овој натпревар, но ние сме тука да ги спречиме”
Досега на два пати на оваа сцена се имаат преслушано нашите сини со Кил, сезоната 2008/2009-та, ќарот го собраа германците, но сега се други времиња...
За сегашноста фино констатира Червар-“Немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме, можеме уште еден скалп да собереме, практично испадна дека се што вреди во Европа победивме”.
Нека продолжи тогаш континуитетот во предвечерјето на прекрасната велигденска ноќ.
Металург-Кил, сабота, арена Борис Трајковски, 18.30.
