СДСМ: Државата субвенционира 80% од сметките на струја, Мицкоски нема познавање од енергетика
Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза, велат од СДСМ.

Во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ спроведува мерки за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите во овие тешки услови, соопштуваат од владејачката партија.
Со мерките се одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално е зголемено производството на електрична енергија и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните. Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза, велат од СДСМ.
За разлика од СДСМ, која вложува максимални напори за граѓаните и компаниите полесно да ја поминат кризата, Мицкоски, без каков било предлог за граѓаните, пишува статуси на социјалните мрежи за струјата и покажува дека нема познавања од енергетиката, стои во соопштението.
