Обид за атентат на потпретседателката на Аргентина
Напаѓачот и вперил оружје во главата и го повлекол чкрапалото, но пиштолот не пукнал.

Обид за атентат на потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер. Маж се обидел да ја убие пред нејзиниот дом во Буенос Аирес, потпретседателката не е повредена. Напаѓачот и вперил оружје во главата и го повлекол чкрапалото, но пиштолот не пукнал.
„Тој човек ѝ впери пиштол во главата и го повлече чкрапалото. Кристина е жива, бидејќи од некоја причина, која допрва треба да се потврди, пиштолот не пукнал. Ова е најсериозниот настан низ кој сме поминале откако Аргентина ѝ се врати на демократијата“, изјави Алберто Фернандез.
Во пиштолот биле пронајдени пет куршуми. На Кристина Фернандез де Киршнер и се суди по обвиненија за корупција, а стотици поддржувачи се собраа пред нејзиниот дом во Буенос Аирес кога се случи нападот.
