Инспекторите на МААЕ во Запорожје ги утврдуваат штетите
Претставник на руската страна, пак, за руска телевизија изјави дека инспекторите ќе останат во Запорожје најмалку до наредната сабота.
Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа Запорожје се „тука за да останат“, напиша шефот на агенцијта Рафаел Гроси. Дадава дека задачата на експертите во нуклеарната централа Запорожје е да ги утврдат штетите, а колку долго ќе останат во централата е неизвесно, напиша Гроси на Твитер.
Претставник на руската страна, пак, за руска телевизија изјави дека инспекторите ќе останат во Запорожје најмалку до наредната сабота.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русија се обидува да ја претвори мисијата во обиколка на централата која нема да донесе резултати. Според него, Москва спречила претставници на странски медиуми да ги придружуваат нуклеарните експерти.
