Свет

Луфтханза откажа 800 летови, засегнати околу 130 илјади патници

02.09.2022 11:24

Синдикатот соопшти дека преговорите за платите пропаднале и дека пилотите на Луфтханза ќе одржат 24-часовен штрајк, почнувајќи веднаш што ќе се одрази и врз патниците и на карго услугите, соопштија од компанијата.

Луфтханза соопшти дека денеска откажува 800 летови од што веројатно ќе бидат засегнати околу 130 илјади патници, откако пилотите најавија еднодневен штрајк.

Синдикатот соопшти дека преговорите за платите пропаднале и дека пилотите на Луфтханза ќе одржат 24-часовен штрајк, почнувајќи веднаш што ќе се одрази и врз патниците и на карго услугите, соопштија од компанијата.

Летови ќе бидат откажани од аеродромите во Франкфурт и во Минхен. Синдикатот бара зголемување на платите за 5,5 насто годинава и автоматски компензација за инфлација.