Регионална соработка

Ковачевски: Отворен Балкан се покажа како неопходен, наша цел треба да биде комплетно кревање на рампите

02.09.2022 12:08

Отворен Балкан се покажа неопходен, успешен и европски. Наша цел треба да биде комплетно кревање на рампите-порача премиерот Ковачевски на Самитот на Отворен Балкан денеска во Белград...

Отворен Балкан се покажа неопходен, успешен и европски. Наша цел треба да биде комплетно кревање на рампите-порача премиерот Ковачевски на Самитот на Отворен Балкан денеска во Белград.

Денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со иницијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент. Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конкретни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи, истакна премиерот Ковачевски.

Во своето обраќање тој го подигна прашањето околу границите меѓу овие три земји.

Ние сме веројатно сме единствениот регион во светот кој има граници меѓу себе. Сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување не само на административните бариери на границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, туку и комплетно кревање на рампите и правење регион кој стопроцентно комуницира помеѓу себе по сите основи, подвлече Ковачевски.

Домаќинот на Самитот, претседателот на Србија, Вучиќ нагласи дека оваа иницијатива е важна за економската иднина на регионот. Албанскиот премиер Рама со став-се размислува да ги повикаме и земји од ЕУ да ни се приклучат.

На Самитот дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.