Тенис

Гарсиа-Лопез го комплетира 1/4финалето

17.04.2014 18:22

Гиљермо Гарсиа-Лопез е победник на последниот осминафинален дуел на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло.

Со комплетен пресврт шпанецот во осминафиналето го елиминира 5-от носител Томаш Бердих. Чехот го доби првиот сет до 6-4, но Гарсиа-Лопез возврати со 6-3 во вториот и ибедливи 6-1 во третиот сет за победа и пласман во 1/8финалето.

Утрешната програма во Монте Карло ќе почне во 10 часот и 30 минути со четвртфиналето меѓу Вавринка и Раониќ по што ќе следуваат и мечевите:

Надал-Ферер,Цонга-федерер и Гарсиа-Лопез проеив Ѓоковиќ.

Преносите се на МРТ собранискиот сервис.