РКЕ

Дизелот поевтинува за два денара, цената на бензините останува иста

02.09.2022 13:40

Цената на дизелот се намалува за два денара, и ќе чини 99,5 денари по литар. Цените не бензините остануваат 87,5 денари за литар БС-95 и 90 денари за литар БС-98. Не се менува и цената на екстра лесното. Новата малопродажна цена на мазутот ќе изнесува 52,740 денари за килограм.

Од вечерва на полноќ, се намалува цената на дизелот, додека цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на дизелот се намалува за два денара, и ќе чини 99,5 денари по литар. Цените не бензините остануваат 87,5 денари за литар БС-95 и 90 денари за литар БС-98. Не се менува и цената на екстра лесното. Новата малопродажна цена на мазутот ќе изнесува 52,740 денари за килограм.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84%.