140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба на фотографии во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм
Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори.

Кинотеката ја чествува 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки. По тој повод во фоајето на Кинотеката, за времетраењето на Фестивалот на нем и класичен филм (31 август – 7 септември) ќе бидат изложени дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки.
Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори.
По повод јубилејот, покрај најавената изложба, на 7 септември (среда), на последниот ден од Фестивалот на нем и класичен филм, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки.
