Социјалните семејства Велигден ќе го дочекаат во новите станови
78 семејства со социјален ризик од Битола денеска ги добија клучевите од становите за кои аплицираа уште пред две години. Распределбата доцнеше поради жалбата на дел од семејствата кои не беа извлечени во компјутерската поделба.
Овој ,,Велики Четврток,, ке го паметам додека сум жива. По 33 години ,моето петчлено семејство ке има свој дом вели Вера Смилевска. Тоа е само едно од 78-те семества што ги добија клучевите од двособните станови од зградата во Нова Битола изградена за лица со социјален ризик како и друки ранливи категории.
„Овој стан од 44 метри квадратни го добивме поради инвалидноста на мојот сопруг, кој за жал не дочека да се израдува да прошета во него, вели Вера Смилевска, добитник на стан
Доделувањето на клучевите се случува по околу година и пол по изградбата на ови социјални станови. Вчерашната одлука на вишиот управен суд го даде легимитетот дека распределбата била правична иако некои грагани покренаа постапка за регуларноста при нивното доделување по електронски пат.
“Становите се распределени според соодветните правила. Им посакувам на идните станари срекен живот и зградата да ја чуваат како своја рече Цветко Грозданов директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.
Политика за помош на најзагрозените семејства ке продолжи и понатаму со што ке се решаво едно од најгорливите прашање на социјално загрозените лица.
Стевче Митревски
