Премиера на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецискиот фестивал
„Интересот за филмот е голем, продадени се сите карти за проекциите, Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука.“ – изјавија од продукцијата...

На Венецискиот филмски фестивал се одржи премиерата на најновиот филм на Теона С. Митевска „Најсреќниот човек на светот“.
„Интересот за филмот е голем, продадени се сите карти за проекциите, Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука.“ – изјавија од продукцијата.
Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби помеѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато; ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство. Овој филм ги размотува слоевите емоции полека носејќи го гледачот до точка на вртоглавица. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.
