Синалко за подолга серија, Струмица за „брејк“
Домашниот терен понекогаш е доволна предност, но победите на гостувањата најчесто се пресудни за разврската во сериите од разигрувањето за трофеите. Со успехот пред своите гледачи против Синалко во средата со 3-0, одбојкарите на Струмица потврдија дека се големи фаворити за пехарот во првенството. Веќе освоената тутула во купот им дава и дополнителна сигурност пред денешниот втор натпревар во финалната серија од плеј – офот.

Ако сака подолго да му се спротивставува на ривалот, за крушевскиот тим нема друга алтернатива освен триумф на домашен терен. Во тој случај резултатот би бил 1-1 во победи, а серијата би се преселила во Струмица и би траела најмалку уште два меча, што гарантира уште едно соочување во салата на Синалко. Доколку ја повтори играта од претходниот дуел, пак, Струмица ќе има 2-0 и ќе го чека понеделник за да го завери вториот шампионски пехар во клупската историја.
Денешниот натпревар во Крушево меѓу Синалко и Струмица е закажан од 17 часот, а ќе можете да го проследите со пренос на Собранскиот сервис на МРТ.